Безжичниот пренос на електрицитет станува реалност

Никола Тесла замислил опслужување на светот со електрицитет без потреба од насекаде поставени жици, а најблиску што стигнал то реализирање на таа идеја на безжичен пренос на електрицитет бил Тесла калемот, креиран во 1891.

Сега, истражувачи од Универзитетот Стенфорд сметаат дека успешно развиле технологија за безжично полнење, бидејќи успеале на тој начин да пренесат електрицитет на објект во движење. Доколку нивната технологија е скалабилна, тоа ќе значи дека ќе може да се користи за полнење на електрични автомобили додека се во движење, елиминирајќи ги проблемите со расположливоста на станиците за полнење, и дометот на возилата.

Како што тимот истражувачи го објаснува преносот, тој бил постигнат на многу помало ниво отколку што би било потребно за напојување на возила.

Електрицитетот кој се движи низ жици креира осцилирачко магнетно поле, кое пак предизвикува осцилација на електроните на калемите кои му се наоѓаат во близина – што како резултат го пренесува електрицитет безжично. Меѓутоа, се работи за комплексен процес кој е ефективен само кога осцилирачките калеми се правилно подесени во однос на движечкиот објект.

Досега, тоа бил еден од примарните проблеми со безжичниот пренос на енергија, бидејќи не постоел начин калемите автоматски да се подесуваат во однос на објектите во движење. Истражувачите го решиле тој проблем користејќи систем од фидбек отпорник и засилувач на волтажа, кој детектира како треба да се подеси без човечка помош.

Ова истражување е дел од туркање на концептот за развивање побезбедни и почисти енергетски автопати кои евентуално би подржувале автономни возила кои би можеле да возат бесконечно долго, без потреба да застанат да ги наполнат батериите. Тоа би функционирало така што тие на дното би имале калем кој би примал електрицитет од серијата калеми вградени во самиот пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...