Новите продолженија на Avatar во 3D, но без очила?

Џејмс Камерон може повторно да пронашол начин да ги направи продолженијата на неговиот филм Avatar револуционерни, бидејќи тоа може да бидат првите филмови кои ќе ја користат 3D технологијата без специјални очила за гледање.

Камерон се смета за еден од најиновативните филмаџии, одговорен за многу од најголемите холивудски хитови и класици. Полно негови филмови имаат оставено голема трага во светската кинематографија (првите два Terminator филмови, Aliens и Titanic), a Avatar кога се појави беше визуелен спектакл кој повторно ја внесе 3D технологијата на голема врата, и сè уште го држи првото место на филмови со најголема заработувачка.

Сепак, тој рекорд беше постигнат пред 8 години, и впечатокот кој го остави Avatar до сега некако е избледен. Во меѓувреме, Камерон паралелно ги развива четирите наредни продолженија, со кои се надева дека уште повеќе ќе ги помести границите на 3D технологијата.

Неговата продукциска компанија Lightstorm Entertainment во партнерство со Christie Digital работат на Avatar 2, 3, 4 и 5, но кои ќе може да се гледаат во 3D без специјалните очила.

Тоа би се постигнало преку нов RGB ласерски проекциски систем кој се опишува како „чист ласер“ поради неговата моќност од 60 000 лумени за прикажување на светли слики при неверојатно висока стапка на фрејмови. Резултатот на ова би бил приказ на досега најчиста слика, особено во 3D. Сега засега не се знаат повеќе детали како оваа технологија точно функционира, но со оглед на тоа дека кината ќе мора да ги заменат проекторите за да го користат овој нов систем, многу е веројатно дека неговата имплементација ќе се случува бавно – за што ќе придонесе и високата цена.

Продукцијата на продолженијата е најавена за септември и деловите 2 и 3 ќе се снимаат симултано, но многу веројатно е дека новата 3D технологија нема да биде на располагање за вториот дел кој во кината треба да се појави во 2020-та – што сепак не значи дека тоа нема да се случи.

Како и да е, останува да видиме дали на Џејмс Камерон ќе му успее уште еднаш да направи нешто што досега никој го нема направено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...