Роботски автомобили – најнови регрути на полицијата во Дубаи

Мини автономни полициски автомобили „спарени“ со дронови и технологија за фацијално препознавање ќе почнат да патролираат низ улиците на Дубаи до крајот на годинава, со цел да помогнат во идентификувањето и следењето на осомничените.

За жал (или среќа на осомничените), малечките автомобили не можат да се движат со голема брзина – при нивната демонстрација, тие се движеле со брзина слична на брзо чекорење. Но, затоа овие сигурносни возила доаѓаат со вграден летачки дрон со кој може да се истражуваат реоните и луѓето до кои роботот не може самиот да стигне.

Наречен O-R3, патролното возило може самото да се движи користејќи машински научени алгоритми, а полицијата може и безжично а го контролира преку компјутер. Тоа ќе биде опремено со термални камери и читачи на регистарски таблици, а од Otsaw Digital, неговиот производител базиран во Сингапур, велат дека ова автомобил-и-дрон дуо е прво од овој вид во светот, кој воедно ќе може да функционира 24/7 и самиот да си ги полни батериите.

Роботските автомобили нема да бидат наменети да ги заменат полицајците, туку подобро да ги менаџираат ресурсите и човечката сила.

Електронските полицајци допрва ќе доаѓаат – во наредните неколку години, градот планира да претстави модел висок скоро 3 метри, способен да се движи со брзини до скоро 80км/ч, и кој исто така ќе може да биде контролиран од луѓе во неговата внатрешност.

До 2030-та, Дубаи планира роботите да се 25% од нивните полициски сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...