Од понудата на Телеком: CAT S40 + powerbank

Имате потреба од телефон што ќе го преживее секој пад на бeтон од 1.8 метри висина, а воедно е супер отпорен на гребаници?

Тогаш  CAT S40 е создаден како за вас.

Станува збор за Android телефон со моќен Qualcomm Snapdragon 210 MSM8909 процесор од 1.1 GHz, 1GB RAM меморија и 16GB внатрешна меморија (со слот за екстерна меморија до 64GB).  Модерен екран со  големина од 4.7” и резолуција од 540х960 пиксели.

Што се однесува до камерите  предната е со 2MP, а задната со  8MP. Со CAT S40 може да се снимаат  Full HD видеа со резолуција 1920х1080/60fps, а камерата вклучува и опција за гео тагирање на фотографиите.

Во поглед на конекциите, телефонот нуди WiFi, 4G, Bluetooth (4.1), GPS, како и NFC (Near Field Communication), а изобилува со сензори како оние за светлина, раздалеченост, ацелерометар и компас.

Телефонот има батерија од дури 3000 mAh која овозможува фантастични 39 дена во мирување  и 18 часа во зборување.

Во поглед на издржливоста, CАТ S40 го исполнува MIL-810G стандардот на издржливост според сите воени параметри, што значи направен е да издржи пад од височина од 1.8 метри на бетонска површина, како и работа при екстремни температури од -25 °C  до 55 °C. Стандардот за издржливост од вода и прашина му е IP67 и може да издржи силна толнина, паѓање во кал, навлегување на прашина, во солена вода до 1 час, при длабочина од 1 метар.

Ова несомнено е идеалниот телефон за сите оние на кои телефонот честопати им се испушта од рака. CAT S40 можете да го добиете по најповолна цена во понудата на Телеком во Smart M тарифниот модел, каде ќе ве чини само 648ден. месечна рата за период од 24 месеци.

Со секој CАТ S40 уред, следува CAT Active Urban Power Bank – екстерна батерија од 10 000 mAh за повеќекратно полнење со IP64 сертификат, што значи отпорна на удари и прашина.

На неа има стандардни USB и mini USB порти за напојување на било кој смартфон или таблет, супер LED светло кое служи како батериска ламба. Батеријата е компактна и пренослива со карабин што се одвојува.

Батеријата ја добивате сè додека не се потрошат сите количини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...