Квантна технологија за детектирање фалсификати

Технологијата го направи производството поефикасно од било кога – вклучувајќи го и производството на фалсификувани добра. Подемот на онлајн шопингот го направи продавање на овие фалсификати уште полесно – 90% од глобалните бизниси губат околу 10% од профитот поради нив.

Истражувачи од Универзитетот Ланкастер демонстрирале метод кој ефективно проверува дали некоја стока е фалсификат користејќи нова квантна технологија комбинирана со 2D материјали (како графен), а најдобриот факт е што може лесно да се вгради во смартфон.

Материјалите како графенот емитираат светлина која може да се измери како сигнал користејќи ја камерата на телефонот. Тој сигнал може да биде претворен во секвенца од броеви кои функционираат како „дигитален отпечаток“, претворајќи се во уникатен „quantum ID” (Q-ID).

Ваквите секвенци може да се постават како идентификациски тагови во голем број на продукти, па дури и во лекови. Така, секој со смартфон опремен со оваа технологија ќе може преку специјална апликација да провери дали продуктот што го купил (облека, обувки, прехранбени продукти, лекови итн.) е оригинален или фалсификат.

Стартапот Quantum Base веќе ја имаат патентирано оваа технологија, и таа се очекува да биде достапна за консументите до 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...