Amabrush – прва автоматизирана четка за заби

Amabrush е првата автоматизирана четка за заби во светот која личи на штитник за уста со меки силиконски влакна, а магнетски се прицврстува за округла дршка.

Функционира така што во устата се става целиот уред, за потоа да ги четка забите на начин на кој што секој стоматолог го препорачува, на секоја локација во устата истовремено. Силиконските влакна се направени од антибактериски силикон кој убива 99,99% од бактериите и се закосени за 45 степени, а дел од нив имаат вградени микро канали кои ја пренесуваат пастата за заби од дршката до забите.

Кога забите со обична четка (мануелна или електрична) се чистат препорачани 120 секунди , таа врз секој заб поминува во просек по 1.25 секунди. Со помош на Amabrush, четкањето заби до перфекција трае околу 10 секунди од почеток до крај (значи 8 пати подолго), па така не е воопшто чудно што уредот има одлична поддршка на Kickstarter – од целните $57 000 веќе се собрани скоро еден милион долари.

Преку специјалната апликација за iOS и Android, четката ќе може да ја поврзете со вашиот смартфон преку кој што ќе може да се менуваат различните модови на вибрација (за масирање на непцата, избелување на забите и сл.), да се конфигурира времето потребно за чистење и др.

Четката би требало да се менува на секои 3 до 6 месеци, додека батеријата трае 28 сесии пред да треба да се наполни, а тоа може да се изведе и безжично.

Amabrush е уште еден пример на автоматизација која го прави она што го прави најдобро: превземање на досадни и лесно повторувачки дневни задачи, создавајќи повеќе слободно време на луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...