Seeing AI апликација го опишува светот за лицата со оштетен вид

Microsoft ја промовираше апликацијата за смартфони наречена Seeing AI, која користи компјутерска визија да го опише светот околу оние со оштетен вид. Кога таа е активна, корисникот може да ја насочи камерата на телефонот кон некоја личност, и апликацијата ќе каже која е таа и како се чувствува. Доколку, пак, се насочи кон продукт, ќе каже за кој продукт се работи. Сето ова функционира со користење на вештачка интелигенција која е активна локално на телефонот.

Microsoft го прикажаа прототипот на Seeing AI во март минатата година на нивната Build конференција, но од неодамна таа е на располагање за iOS и само во САД. Сега засега нема информации кога ќе биде овозможена за Android и за другите земји.

Апликацијата функционира во мноштво сценарија. Покрај препознавањето на луѓето кои ги „видела“ претходно и погаѓајќи ја староста и емоцијата на непознатите личности, може да идентификува продукти од домаќинството преку скенирање на баркодовите. Seeing AI може да чита и скенира документи, и да ја препознава американската валута – функција која е одличен показател за корисноста на апликацијата. Бидејќи доларите сега имаат иста големина и боја без разлика на вредноста, нивното разликување е тешко па и невозможно за оние со оштетен вид.

Апликацијата користи нервни мрежи да го идентификува светот околу неа, истата технологија која се користи и во автономните автомобили, дроновите и сл. Најосновните нејзини функции се одвиваат директно на телефонот, што значи може да и се пристапи и во ситуации кога нема стабилна интернет конекција. Нејзините експериментални функции, пак, како што се опишување на одредена сцена и или препознавање на ракопис, побаруваат поврзаност со „облакот“.

При користење на Seeing Ai, на пример, за читање на документи како разни знаци или менија, апликацијата не само што ги препознава буквите туку и го насочува корисникот доколку камерата треба да се помрдне за да она што треба да се прочита е во кадар.

Разликата помеѓу Seeing AI и сличните апликации е брзината на нервните мрежи – резултатите се добиваат за неколку милисекунди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...