Компанија имплантира чипови кај вработените со нивно одобрување

Компанија од Висконсин, САД, е првата американска компанија која употребува микрочип импланти во нивните вработени, и очекува над 50 од вработените доброволно да бидат “чипирани“ во наредните недели.

Иницијативата која е комплетно опционална за вработените во компанијата Three Square Market (32M) вклучува имплантирање на RFID чип (идентификација со радио-фрекнвенција) во дланката, помеѓу палецот и показалецот.

Имплантот е со големина на зрно ориз, а на вработените ќе им овозможува да извршуваат разни вообичаени канцелариски задачи само со едно движење на раката – купување на храна од просториите за одмор, отворање на врати, користење на фотокопир машините, логирање во канцелариските компјутери, отклучување на смартфоните, делење на визит картички, складирање на медицински и здравствени информации, како и плаќање на останатите RFID терминали.

Чиповите го користат NFC (near-field communication) начинот за „комуницирање“ со објектите, слично како што тоа го прават безконтактните кредитни картички, мобилните системи за плаќање и имплантите за тагирање на животни.

Откога им биле соопштени деталите околу оваа програма, вработените имале мешани реакции, но повеќе од половината решиле да учествуваат во неа.

Цената на имплантите е $300 по чип, и тие ќе бидат платени од самата компанија, со што вработените веќе нема да имаат потреба со нив да носат картички за идентификација, клучеви или смартфони за автентикација со други системи.

На оние вработени кои биле загрижени дали нивниот вработувач ќе може да им ги следи движењата, им било објаснето дека чиповите не содржат GPS компонента и дека се сигурни против хакирање, бидејќи не се ни поврзани на интернет.

Доколку вработените кои ќе ги имаат имплантирано чиповите подоцна се предомислат, тие лесно ќе можат да им бидат отстранети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...