SMALT – паметен соларник

Денес покрај „паметните“ (smart) телефони, постојат паметни домови, автомобили, врати и сл. Но, што би се случило кога светот на технологијата би навлегол во предметите кои ги користиме во секојдневието, како на пример оние кои ни се наоѓаат во трпезаријата?

Резултат на тоа е SMALT, паметен соларник на компанијата Herb & Body за кој се вели дека е првиот соларник од ваков тип во светот, специјално дизајниран да го подобри искуството додека јадеме.

SMALT има стилски дизајн, интегрирано амбиентално осветлување кое помага да се постави „тонот„ на оброкот, како и вграден Bluetooth звучник на кој може да се пушта музика од било кој уред кој го подржува тоа.

Притоа, количината на сол може да ја мери преку мануелни „тресења“ (shake), „прстофат“ (pinch) или едноставно „истурање“ (pour), што е од исклучително значење при готвење со следење на разни рецепти. Со него следи и Android и iOS бесплатна апликација.

Покрај сето ова, корисниците ќе можат да го контролираат и преку интеграција со Amazon Alexa асистентот кој функционира со говорни команди.

Регуларната цена ќе му биде околу $200, а преку неговата Indiegogo кампања таа изнесува половина од тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...