Најголемата соларна топлинска централа со кула

Владата на Јужна Австралија најави планови за конструирање на најголемата соларна топлинска централа со една кула во Port Augusta., а Калифорниската компанија за соларна технологија SolarReserve ќе биде одговорна за нејзината изградба и одржувањето.

The Aurora Solar Energu Project е базиран на планови кои веќе биле развиени како дел од Rice Solar Energy Project во Калифорнија, кој не се остварил како резултат на даночните измени поврзани со обновливата енергија.

Откога ќе се изгради, низи од хелиостати ќе ја насочуваат соларната енергија кон една централна кула која ја користи технологијата со стопена сол за да ја складира целата таа енергија како топлина. Овие топени соли ќе овозможат капацитет од складирање на 1100 мегавати, што ќе и овозможи на централата да генерира електрицитет и навечер.

Aurora е проектирана да има моќност од 150 мегавати и способност да генерира 495 гигават часови електрицитет годишно. Станицата ќе може да услужува 90 000 домови и ќе придонесува за околу 5% од тоталните енергетски потреби на Јужна Австралија.

Конструкцијата на оваа централа ќе чини 650 милиони долари и ќе започне идната година, со надеж дека ќе почне да произведува електрицитет до 2020-та.

Градење на нова комерцијална соларна централа денес е поевтина отколку на централа напојувана со фосилни горива, а експертите предвидуваат дека соларната енергија ќе биде поевтина од јагленот во наредните 4 години.

Оваа зголемена достапност несомнено ќе води до креирање на повеќе проекти слични на овој, и ќе помогне во постигнувањето на целите на Парискиот Договор со цел да се намали штетата која и ја имаме нанесено на нашата планета преку користењето на фосилните горива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...