3D принтер кој во вакуумот на Вселената

Една компанија штотуку влезе во историјата успешно користејќи специјален 3D принтер во екстремни услови слични како оние во Вселената.

Тим истражувачи испринтал делови од полимер легури во супер-силен вакуум и се надева дека нивната технологија ќе овозможи дизајн и изработка на поамбициозни вселенски летала и вселенски телескопи.

Made In Space е компанија од САД која стои зад овој проект наречен Archinaut, а основана е во 2010 како компанија специјализирана за изработка на 3D принтери за користење во микрогравитацијата на вселената.

Во 2010 со нивна помош се испринтани неколку структури на Интернационалната Вселенска Станица (ISS), вклучувајќи и алатки за астронаутите за да не мора да ја чекаат наредната испорака од Земјата за нив.

Моментално на ISS има два вакви 3D принтери, но ниеден ја нема напуштено станицата и го нема искусено екстремниот вакуум или температурните флуктуации во Вселената.

За да ги симулираат условите надвор од вселенското летало, тимот научници направил 24 дневен тест на Земјата во термална вакуумска комора, каде успеале да испринтаат греди од полимер легура долги 85 сантиметри.

Oвој 3D принтер е само мал дел од многу поамбициозен проект – Archinaut комбинира технологија за 3D принтање со роботски раце способни да ги склопуваат структурите кои излегуваат од принтерот.

Компанијата смета дека во иднина, во вселената ќе може да се градат големи структури, со што ќе се овозможи конструкција на многу поголеми вселенски телескопи.

Следна фаза од проектот е да се тестира комбинација од принтери и роботски раце и да се лансира демонстративна мисија во орбитата на Земјата. Доколку имаме среќа и сè помине во најдобар ред, оваа технологија би можела да почне да се употребува уште во средината на 2020-тите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...