„Sea Hero Quest“ – првата мобилна игра за борба против деменцијата сега и со VR верзија

  • Виртуелната верзија ќе обезбеди дури за 15 пати попрецизни податоци
  • Македонски Телеком обезбедува VR катчиња за играње на Sea Hero Quest

Дојче Телеком ја претстави првата игра во виртуелна реалност (VR) со која секој може да помогне во борбата против деменцијата. Оваа верзија на играта ќе овозможи подетално дијагностицирање на проблемите со навигацијата кај луѓето коишто потенцијално може да развијат деменција.

Мобилната игра „Sea Hero Quest“, Дојче Телеком ја воведе во 2016 година и до сега е симната околу 3 милиони пати, што одговара на 12 000 години лабораториско истражување (најголемото претходно истражување вклучуваше само 599 доброволци).

Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком има голем придонес во севкупните резултати на „Sea Hero Quest“. До сега, над 21 000 граѓани од Македонија ја симнале играта.

Играта е создадена во партнерство со Универзитетскиот колеџ во Лондон, Универзитетот Источна Англија и Институцијата за истражување на Алцхајмеровата болест а осмислена е заедно со дизајнерите на играта, компанијата Glitchers.

Со Sea Hero Quest се обезбеди досега најголемата база на податоци од овој вид која им стои на располагање на научниците, со оглед на тоа што за само 2 минути поминати во играње се собираат податоци еднакви на 5 часа лабораториско истражување.

Со виртуелната верзија на играта податоците поврзани со навигацијата ќе бидат дури за 15 пати попрецизни.

Македонски Телеком обезбеди VR катчиња за играње на Sea Hero Quest за сите заинтересирани што сакаат да дадат свој придонес во ова глобално истражување на деменцијата во Управната зграда на плоштад Mакедонија од 4 до 16 септември и во Tелеком продавницата во City Mall од 4 до 10 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...