NuTone Knock видео домофон за врата

Дефинитивно е корисно да знаете кој ви ѕвони на влезната врата, доколку сакате да се заштитите од потенцијални натрапници.

NuTone Knock е уред наменет токму за тоа – се работи за видео ѕвонче за врата кое функционира како домофон и преку кое покрај гледањето на посетителите овозможува и зборување со нив, без разлика каде се наоѓате во тој момент – сè додека сте поврзани на пристојна интернет конекција.

NuTone Knock дава слика во HD резолуција, која можете да ја видите на вашиот смартфон или таблет. Благодарејќи на вградената активација со сензор за движење, способноста за ноќна визија како и опционалната аларм функција, со ова ѕвонче секогаш ќе знаете дали има некој пред вратата на вашиот дом.

Што го прави овој гаџет подобар од навидум сличните на пазарот? Производителот вели дека тоа е лесната инсталација благодарејќи на интегрираната детекција на волтажа, супериорна силина на WiFi сигналот која овозможува тоа да биде инсталирано и подалеку од рутерот, неговата издржливост како и отпорност на разните временски (не)прилики. NuTone Knock може да се справи со прашина и вода, а бил тестиран на температури од -30°C до 50°C – што е нешто што конкуренцијата во истата класа не може да го понуди.

NuTone Knock е дизајниран да се вклопи во секаков дом, а чини $250.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...