Градови со најразвиена технологија на светот

Светската здравствена организација смета дека во наредните 3 децении две третини од светската популација ќе живее во урбаните средини.

Како што претпоставувате, најпривлечни градови за населување би биле оние кои се потпираат на најсовремените технологии и создаваат можности за луѓето да развиваат нови како би си го олесниле својот опстанок.

Во прилог ве запознаваме со градовите на иднината кои во моментот располагаат со најразвиената технологија:

1. Сан Франциско, Калифорнија

Сан Франциско претставува епицентар на сите иновативни случувања. Ова е град со стартап култура во подем, град во кој постојано се вложува и место каде што буквално „врие“  од програмери и дизајнери.

Силиконската долина е во убедливо водство во речиси секоја можна категорија и од причина што привлекувањето на голем број иноватори  допринесе овој град едноставно да стане „дом на иновациите“.

2. Њујорк, Њујорк

Њујорк е еден од оние градови кои се неверојатно прогресивни. Промените во однос на инфраструктурата се забележани како едни од најдобрите во светот. Зголемувањето на работните места исто така го прават овој град привлечен за живеење. Покрај останатото, градот располага со интегрирана градска технологија: LinkNYC инаку бесплатна Wi-Fi услуга, располага со 500-тина киосци околу Менхетен кои се достапни за јавно користење. Мислење на многу експерти е дека ова е само почеток.

3. Лондон, Англија

Лондон стана идеалното место за јавен превоз од минатата година кога го имплеменираше проектот Crossrail. До крајот на 2018 година се очекува поврзување на 10 нови железнички линии со 30 постојни станици преку новоизградени тунели. Ова ќе биде еден од најголемите градежни проекти во Европа вреден 20 милијарда долари. Лондон инаку располага со најголем број на стартапи и програмери од секој друг град во светот. Во наредната деценија се очекува отворање на нови 11.000  работни места.

4. Лос Анџелес, Калифорнија

Филмската не е единствената развиена индустрија во Л.А. Според одредени извештаи градот поседува повеќе работни места во високотехнолошкиот сектор од било кој друг регион во САД. Се смета дека стартапите и вложениот капитал се најголемите “виновници” за технолошкиот бум на овој град.

5. Сеул, Јужна Кореја

Сеул со право е наречен град на иднината. Иновациите во метро системот на Сеул може дури и да ги надминат оние во Њујорк. Освен тоа во Сеул се регистрирани најмногу патенти во светот. Во овој град е создадено LTE светлото на нашите паметни телефони, а воедно и концептот за виртуелни продавници, каде што скенирате фотографии од нешта кои потоа ви се доставуваат на домашна адреса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...