За првпат поврзан мозок на Интернет

Тим инженери и невролози од универзитетот Витс во Јоханесбург создале „Brainternet” (мозочен интернет), директно поврзувајќи човечки мозок на Интернет.

Според соопштението за медиумите, тимот искористил електроенцефалограм (EEG) – уред кој детектира електрични сигнали во мозокот – да пренесе нервна активност до Raspberry Pi компјутер кој потоа во живо ги пренесувал податоците во програма на вев страница која секоја можел да ја погледне.

Всушност, бил создаден еден вид на технолошки прозорец во нечија нервна активност, со цел да се овозможи интерактивност помеѓу корисникот и неговиот мозок и шанса самиот да ја види реакцијата на мозокот на одредени стимулации.

Досега ова било возможно само за оние кои ги читале EEG скеновите, а со буквално поврзување на мозокот на Интернет тоа би се овозможило на повеќе луѓе, вклучувајќи го и самиот субјект.

Истражувачите велат дека „Brainternet”-от може понатаму да се усовршува преку смартфон апликација која ќе овозможува податоци за алгоритмот за учење на машината, што значи дека информацијата би се пренесувала во двата правци – од и во мозокот.

Доколку програмирањето во иднина стане доволно напредно, ќе биде возможно да се испраќаат електрични сигнали – можеби во форма на податоци – до мозокот на личноста закачена на EEG читач. За да ова се оствари, ќе мора да се создаде и уред за конвертирање на податоците кои ќе ги претвора бинарните податоци (т.е единиците и нулите) во биоелектрохемиски сигнали кои мозокот ќе може да ги дешифрира, како и да ги идентификува кои сигнали претставуваат мисли а кои акции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...