Отклучување на сигурносен систем со отчукување на срцето наместо со шифра

Тим истражувачи од универзитетот во Бафало развиле систем кој се отклучува исклучиво со уникатниот сигнал од срцето на корисникот, наместо со шифра од многу карактери.

Дизајнот користи доплер радар за мерење на срцевите отчукувања, на кој што му требаат околу 8 секунди за првпат да ја скенира големината на срцето и неговиот ритам, за потоа континуирано да го следи од далечина.

Според Wenyao Xu, авторот на студијата и асистент професор во одделот за компјутерска наука и инженеринг, системот не претставува никаква опасност по здравјето, а моќноста на сигналот на радарот е многу помала отколку од WiFi сигналот од рутерите кои сите ги имаме по дома – поточно, таа изнесува 5 миливати, што е помалку од 1% од радијацијата од смартфоните.

Системот исто така би било невозможно да се прелаже, бидејќи не постојат двајца со идентични отчукувања на срцето.

За да се дизајнира биле потребни 3 години и има неколку предности кои другите сигурносни системи како отпечатоците на прсти и скенирањето на ретината ги немаат. Прво, тој е комплетно пасивен и не побарува никаква акција од корисникот, туку тој треба само да се наоѓа близу до компјтерот кој што сака да го отклучи. Второ, бидејќи постојано ги следи корисниците, нема да прифати друга личност да го отклучи компјутерот доколку неговиот сопственик не е во близина.

Прелиминарните тестови покажале дека системот имал 98.61% прецизност, со маргина за грешка од 4.42%. Бидејќи има домет од 30 метри, тимот истражувачи смета дека би можел да се користи и на аеродромите, кај скрининг барикадите.

Планот е системот да се минијатуризира за да може да се инсталира на рабовите на десктоп компјутерите и лаптопите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...