Микрочипови се однесуваат како мозочни клетки

Човечкиот мозок често пати се користи за споредување со функцијата на компјутерите, со кои реално гледано не се воопшто слични, барем сега засега.

Но, ова може да се смени бидејќи истражувачите развиле компјутерска технологија која користи светлина да ја имитира функционалноста на невронските синапси, отворајќи го патот за создавање на хардвер кој ќе ја комбинира брзината на модерните процесори со ефикасноста на моќта на мозокот.

Мозоците и компјутерите се системи кои можат да моделираат, манипулираат и складираат информации и тоа се единствените заеднички работи кои што ги делат.

Додека процесорите во компјутерите комбинираат електрични импулси за извршување на разни функции, невроните користат хемиски врски да дистрибуираат импулси низ мноштвото канали наречени синапси.

Тим истражувачи од Оксфорд, Мунстер и Ексетер универзитетите креирале нешто што се гледа како „светиот грал“ на компјутерите, а тоа е фотонично интегрирано коло кое се однесува како синапса.

Преку мрежата составена од неврони и синапси мозокот симултано може да процесира и складира големи количини на информации, а конвенционалните компјутери не се ни приближно ефикасни во перформансите во однос на него.

Технички, десктоп компјутерите се базирани на вон Њуман архитектурата, според познатиот математичар и физичар Џон вон Њуман, и нивните процесори ракуваат со логиката и меморијата.

Нашиот мозок нема компјутерски процесор, туку на таков начин функционираат невроните поврзани во мрежа раздвоена со синаптички мостови.

За да функционираат, каналите во мембраните на нервите се отвораат и затвараат, испраќајќи бранови од наелектризирани јони, кои се посредувани од другите хемиски процеси на врвовите на нервните гранки. Во зависност од силината и фреквенцијата на бранот, невротрансмитерите можат да продолжат да ја пренесуваат „пораката“ со прескокнување на јазот кон другите нерви.

Опишана како синаптичка пластичност, промените во оваа контролна точка влијаат на тоа како учиме и процесираме нови информации, а таканаречените нервноморфни компјутери целат кон реплицирање на овој начин на процесирање и складирање на податоци во еден систем, уште повеќе приближувајќи ја биологијата и вештачката интелигенција.

Трикот е да се создадат процесори кои ќе можат да го прават она што го прават синапсите.

Вештачката синапса на тимот истражувачи е базирана на структури направени од PCM (phase-change material), т.е материјал кој менува фази, кој складира и ослободува значителни количини енергија која ја менува состојбата.

Светлосните бранови потоа се канализираат низ материјалот, со оптички пулсеви во PCM кои ја имитираат пластичноста на синапсите.

Иако овие концепти не се нови, ова е првпат процесот да е реализиран во пракса. Нервроморфните процесори базирани на светлина се чини дека ќе бидат совршениот спој помеѓу мозокот т.е умот и машините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...