ИГРАЈТЕ СПОКОЈНО

5 компјутерски игри кои не бараат од вас да убивате

Многу често се сретнуваме со видео игри во кои е вклучено користење на оружје или убивање на споредните ликови во играта. Сепак, понекогаш сите сакаме  авантуристичка и релаксирана игра која ќе не опушти во слободното време.

Во прилог ви препорачуваме 5 игри во кои нема никакви траги на насилство.

1. Gone Home

„Gone Home“ е видео игра која за првпат беше промовирана во 2013 година и е типична за сите оние со авантуристички дух. Од вас се бара да истражувате во домот, да пребарувате по собите и да ги пролистате тајните дневници кои се сокриени низ просториите. Играте во ликот на Кејтлин која неодамна се вратила од своето европско патување и дознавате многу тајни за неа и за целото семејство воопшто.

2. Journey

„Journey“ е една од најубавите игри кои можете да ги најдете меѓу останатата конкуренција. Играте како тивок протагонист истражувајќи огромна пустина во интеракција со повеќе објекти и ликови. Она што е особено одлично во оваа видео игра е тоа што ви дава комплетно уживање бидејќи можете да ги поминете сите нивоа за неколку часа.

 3. Stardew Valley

Доколку имате носталгија за стариот начин на живот да одгледувате сами поголем дел од храната која ја консумирате тогаш „Stardew Valley“ е видео играта која е за вас. Авантуристичкиот дух на самата игра ќе ве натера да ја засакате и покрај фактот што можеби не сте живееле на село.

4. Firewatch

„Firewatch“ е една од најдобрите игри за 2016 година не само поради тоа што има вистинска уметност туку поради тоа што раскажува одлична приказна за само неколку часа.

5. Minicraft

„Minicraft“ е една мирна и спокојна игра во која се склопени мали човечиња од лего коцки. Можете да „умрете“ играјќи но тоа не е голема работа. Од вас се бара само да играте, да градите, да експериментирате и да пробувате нови работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...