Renaisscent – дигитален дифузер на мириси кој ве опушти од стресот

Во модерниот начин на живеење постојат многу фактори кои можат да се штетни за нашето здравје, а еден од нив е стресот на работното место или дома, за кој најдобри „лекови“ се правилната исхрана, добриот сон и вежбањето.

Уште еден начин да се смират нервите е и ароматерапијата – стара метода која е дел од алтернативната медицина и вклучува разни билки и ароматични билни масла за подобрување на физичкото и психичкото здравје.

Renaisscent е нејзино модерно издание, во форма на дигитален дифузер на мириси.

Renaisscent системот се состои од неколку различни серии на капсули со мириси – за релаксација, ориентална медитација, атрактивна сензуалност и космополитен. Секоја индивидуална капсула ќе има 3 разни ароми, што значи дека опциите ќе бидат адекватни на 12 разни шишенца есенцијални масла.

Штом различните капсули се постават во „паметниот“ дифузер, смартфон апликацијата која е поврзана со него ќе може да ги препознае за 3 секунди и нивните икони ќе бидат прикажани на екранот. Апликацијата ќе може да го нагодува миксот и да ги комбинира мирисите, како и густината и времетраењето на прскањето.

Renaisscent дифузерот ќе може да се контролира и преку интернет, што значи дека ќе може да го активирате уште додека сте на пат од работа накај дома, за да кога ќе влезете во домот ве пречека пријатна миризба и релаксирачка атмосфера.

Во него има вградено и ароматичен потсетник кој работи заедно со аларм функцијата, па така може да се нагоди да испушта мирис на ружи и лаванда за да ве информира дека е време за одмор или легнување.

Уредот се полни преку microUSB кабел, а кога ќе се појави на пазарот ќе чини околу $205



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...