Singsation е караоке микрофон на компанијата 808 Audio која отсекогаш произведувала продукти поврзани со аудио и музика.
Се работи за 5-во-1 систем од караоке микрофон и безжичен звучник во едно, кој нуди повеќе опции од било кој друг караоке микрофон моментално на пазарот.
Singstation има стробоскопски светла со 14 повеќебојни светлосни модови, а нуди и 12 звучни и гласовни ефекти која секоја караоке сесија ќе ја направат позабавна.
Звучникот нуди динамичен звук со целосен опсег, а Singsation може да се користи и како Bluetooth звучник кој може да „пее“ музика од било кој извор со оваа конекција. Интегрираната батерија може да се полни, а со едно полнење функционира до 6 часа активно користење.
Singstation е одличен за забави и групни перформанси, но и како поклон за оние кои уживаат во пеењето соло. Чини само $50 и би бил одличен поклон за претстојните новогодишни празници.