Бил Гејтс ќе гради сопствен „паметен град“

Бил Гејтс планира да изгради сопствен „паметен град“ во Феникс, Аризона, на околу 45 минути јужно од центарот на градот.

Лоциран во долината, ова земјиште има површина од околу 24 800 акри, а една од инвестициските компании на Гејтс ќе инвестира 80 милиони долари во овој проект.

Belmont Parnters, група за недвижнини лоцирана во Аризона, во соопштение за медиумите изјави дека ќе креираат заедница со напредни размислувања со комуникациски и инфраструктурни решенија кои ќе ги опфаќаат најсовремените технологии, дизајнирани околу брзи дигитални мрежи, центри за податоци, нови производствени технологии и дистрибутивни модели, автономни возила и автономни логистички центри.

Овој „паметен град“ на Гејтс ќе биде одлично место за развивање и тестирање на футуристички технологии, а предложена е и изградба на автопат кој ќе поминува низ овој град и ќе води директно во Лас Вегас.

Самиот град ќе биде поставен многу слично на „обичните“ градови, со 3800 акри посветени на канцелариски, комерцијални и малопродажни објекти, 470 акри јавни школи и повеќе од доволно простор преостанат за приватни живеалишта.

Ова не е првиот „паметен град“ кој ќе се гради. Еден веќе се гради во Денвер како и во Кина, а се надеваме дека еден ден сите градови ќе бидат „паметни градови“ од овој тип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...