iQ е медицински уред кој ултразвукот го прави пристапен за сите

Инженерот Џонатан Ротберг во 2011 станал популарен и богат кога го создал првиот ДНК секвенцер на чип наречен Ion Torrent, по што ја оформил компанијата Butterfly Network која сега претставила нов уред наречен iQ, опремен со систем за вештачка интелигенција (AI) кој овозможува ултразвук со помош на смартфон.

iQ е медицински уред кој ултразвукот го прави пристапен за сите – се приклучува на lightning портот на iPhone уредите, а алгоритмите за машинско учење му помагаат на корисникот да го пронајде она што го бара.

iQ исто така ја револуционизира технологијата стара повеќе од 40 години. Скоро сите регуларни уреди за ултразвук користат компресирани наелектризирани кристали или керамика за да испратат звук, го детектираат неговото ехо, и пресметаат далечината за да формираат слика.

Инженерите од Butterfly Network ги замениле овие кристали со капацитивни микромашински ултразвучни трансформери (CMUT)– редови од исклучително тенки мембрани кои вибрираат на одредени фреквенции кога низ нив тече електрицитет.

Ова технологија е искомбинирана со алгоритми оригинално дизајнирани за групирање податоци од илјадници телескопи, развиени од физичарите Макс Тегмарк и Невада Санчез, од кои вториот е ко-основач на Butterfly Network.

За да финалниот дизајн на iQ остане максимално компактен, инженерите овие CMUT ги споиле директно на полупроводнички слој, без дополнителни жици, така што слоевите ги содржат сите сигнални процесори и засилувачи кои го конвертираат звукот во слики.

Повеќето луѓе претпоставуваат дека ултразвукот се користи само за бремените жени, но покрај тоа тој има примена и за истражување на внатрешните органи – што значи дека за нешто под 2000 долари, iQ е уред за целосно скенирање на телото, без посета на медицинсла кабораторија.

Сега засега iQ може да го нарачаат само лиценцирани здравствени работници, од Butterfly Network се надеваат дека наскоро ќе биде достапен за сите – на ист начин како што порано термометрите и мерачите за крвен притисок биле достапни исклучиво во болниците, за да сега овие апарати се дел од скоро секој дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...