Интернетот претставува главен извор на информации и клучна алатка која помага при социјализација, но поради несоодветната едукација може да се претвори и во кошмар.
Eдно истражување утврдило дека всушност една третина на тинејџерите од 9 до17 години комуницираат по пат на интернет со личности кои не ги познаваат, а секој четврти од 15-17 остварил средба која ја договорил на социјалните мрежи. Само 11% од нив побарале помош од друга личност бидејќи биле изложени на вознемирувачки содржини.
Воедно истажувањата покажуваат и дека меѓу социјалните мрежи, Facebook е најчесто користена социјална мрежа, а по неа следат Instagram и YouTube.
Овие податоци ни укажуваат дека децата кои се почесто изложени на овие мрежи се оние кои остваруваат такви средби, а нивниот број се повеќе расте.
Со оглед на тоа дека тинејџерите се во години кога сакаат сè да истражат, се помалку критични при носењето на одлуки бидејќи не веруваат дека постои ризик да станат жртви на вознемирувачки искуства.
Кога би се чувствувале загрозено 52% од нив би ја затвориле апликацијата, 36% би ја блокирале личноста за да не може да ги контактира повеќе, 27% би ја игнорирале, а 22% би ги промениле прилагодувањата на приватноста на профилот.