Идентификација на идентитетот преку ДНК за неколку минути

Нов софтвер развиен од тимовите на истражувачи од универзитетот Колумбија и NYGC  ќе помогне за брзо и ефикасно верификување на нечиј идентитет со ДНК. 

Методата вклучува MinION DNA секвенцирачки уред со големина на кредитна картичка, способен да секвенцира 10-20GB податоци во реално време, заедно со технологијата која е комерцијално расположива преку сервисите како 23 & Me или ancestry.com

Со процесот кој се одвива во 2 чекори, истражувачите успеале да земат индивидуални варијанти од ДНК секвенцирана со MinION и врз нив да го употребат Бајсовиот алгоритам (алгоритам за веројатност) за да ги споредат со соодветните варијанти во останатите генетски профили во базата.

Со секоја крос-референца, веројатноста да се верификува совпаѓањето се зголемува, а тестирањата покажале дека системот е способен да верификува совпаѓање помеѓу 60-300 крос-референци за само неколку минути.

Оваа технологија има мноштво важни потенцијални апликации, од кои едната би била олеснување на идентификацијата на жртви во случај на разни катастрофи бидејќи е побрза и поевтина од останатите методи како што е истражувањето на медицинските или стоматолошките досиеја.

Технологијата исто така би можела да се искористи и за намалување на трошоците во разните истражувања поврзани со канцерот. Според еден извештај од 2014-та, погрешното идентификување и контаминацијата на клеточните линии во медицинските истражувања се одговорни за потенцијално повеќе од 9 милијарди долари залудно потрошени во медицински фондови на студии кои не можат да се реплицираат.

Софтверот веќе е на располагање и може да се преземе на GitHub под GNU General Public лиценца, така што секоја лабораторија може да почне да го користи и унапредува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...