Дронот на Amazon ќе се самоуништува во итни случаи

Amazon има нова патентирана опција за својата идна флота од дронови за испорачување пакети, која како да е излезена од шпионските филмови.

Тие ќе бидат способни стратегиски да се самоуништат во воздух во некој итен случај, за да се избегне било какво потенцијално оштетување на објекти или повреди на луѓе на тлото.

Оваа опција ќе ги користи компјутерските системи вградени во него за да се анализираат условите и да се одреди најдобра акција во моментот. Илустрацијата на патентот го покажува дронот како се распаѓа во воздух, а неговите делови како паѓаат на празен простор на земјата, врз дрво или во мали водни површини (како езерца, бари и сл.)

Amazon имаат големи планови за нивните дронови. На компанијата во октомври и бил одобрен патент кој ќе им овозможува на дроновите да полнат електрични возила, што би довело до првите комерцијални подвижни станици за гориво.

Уште еден интернет гигант, Facebook, ќе ја користи технологијата со дронови да испорачува интернет до тешко пристапни области како руралните региони ширум светот или пак на локации погодени од катастрофи.

Тоа што на Amazon им е одобрен патентот не значи и дека самоуништувачките дронови 100% ќе бидат произведени – иако тестови на нивниот Prime Air Delivery сервис веќе се започнати во Англија, сè уште не се знае кога компанијата ќе почне регуларно да испорачува пакети со нивните дронови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...