Facebook Messenger Chatbot на Телеком со врвно светско признание за кориснички услуги

Македонски Телеком вброи уште едно значајно признание од светски размери за својот иновативен приод во работата. Овој пат станува збор за светската награда „Деловна брилијантност“ доделена во категорија на кориснички услуги од страна на реномираната британска групација за организација на глобални настани и обуки „БОЦ“.

На церемонијата, одржана во четвртокот, на 7 декември, во Лондон, Велика Британија, во конкуренција на проекти од целиот свет, Македонски Телеком ја освои првата награда за своето напредно автоматско решение за корисничка поддршка Facebook Messenger Chatbot.

Facebook Messenger Chatbot-от на Македонски Телеком (уште наречен „Виртуелен асистент”) претставува прв чекор кон остварување на напредна, автоматска корисничка поддршка. Ова во основа е почетокот на проект за создавање вештачка интелигенција (В.И.), која ќе овозможи помош и поддршка на клиентите на Македонски Телеком, 24/7.

Групација за глобални настани и обуки „БОЦ“ (BOC Global Events & Training Group) е професионален глобален организатор на настани и корпоративен тренинг, посветен на давањето поддршка и помош на организациите да создадат нов пазар, односно, стратегија на "син океан", со што конкуренцијата станува ирелевантна.

Со седиште во Лондон, групацијата „БОЦ“, која е меѓу највлијателните компании во светот во доменот на деловни награди, го пренесува своето знаење на корпорации низ целиот свет, а особено во Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...