Топ 10 роботи кои ја одбележаа 2017-та година

Вештачката интелигенција сè повеќе е застапена низ целиот технолошки спектар – од автомобилскиот до дизајнот на слушалки за уши. Како резултат на овој напредок, имаме ултра интелигентни хуманоидни роботи, но и попаметни технолошки алатки и играчки.

Еве кои 10 теми поврзани со роботи и вештачка интелигенција беа најзначајни во 2017:

1) Sophia (Софија) – Hanson Robotics



Овој робот го имаше своето деби во март 2016-та и од тогаш е станат еден вид на медиумска личност. Софија има зборувано во Обединетите Нации, а се има појавено и на забавното ноќно ток шоу на Џими Фелон. 

Има мноштво фацијални експресии, може да следи и препознава ликови како и да води природни разговори.  Во 2017-та, Саудиска Арабија и даде државјанство, станувајќи прва земја во светот која тоа го сторила за робот.

2) Kuri (Кури) – Мayfield Robotics



Интелигентниот робот Кури е претставен на CES2017 во Лас Вегас и е способен да ја разбере околината и контекстот во кој што се наоѓа. Тој може да препознава одредени луѓе и да одговара на прашања со фацијални експресии, движења на главата и уникатни звуци. Визуелно, потсетува на популарните и сакани роботи од поп културата како R2-D2, WALL-E и Eva.

3) Aibo (Аибо) – Sony

Роботскиот пес Аибо на Sony е автономен робот кој според компанијата, може да „формира емоционална врска со членовите на семејството, давајќи им љубов, приврзаност, и радост која произлегува од негувањето на семеен придружник“.

4) Роботот змија на универзитетот Стенфорд



Истражувачите од овој универзитет развиле робот сличен на змија кој расте како гранка од лоза и се пробива низ тешко достапни места. Намената на прототипот била да служи како уред да барање и спасување, движејќи се низ рушевини и мали отвори за да стигне до преживеани лица, носејќи им вода.

5) Роботско октоподско пипало на Festo



Како што октоподите немаат цврст скелет и се направени скоро целосно од меко мускулно ткиво, Festo овој концепт го примениле на роботиката, резултирајќи со креација на роботска рака во форма на пипало од октопод – флексибилна силиконска структура со два реда „вшмукувачки чашки“.

6) Е2-DR – Honda



На IROS 2017 Honda го претставија прототипот на робот за помош при катастрофи, кој има способност да се движи како човек и поместува шипки и тежок товар. E2-DR е водоотпорен, висок 1.68 метри а тежок 85 килограми и може да се протнува низ отвори со широчина од 30 сантиметри.

7) Handle – Boston Dynamic



Компанијата Boston Dynamic чиј сопственик е Google ја претстави својата најнова креација наречена “handle”, која се движи на две малечки тркала, а може да клекнува, скока и подигнува гајби и сандаци.

8) Gita (Џита) – Piaggio



Овој товарен робот е дизајниран да пренесува разни работи и да го следи сопственикот насекаде. Тој има безбедносни, балансирачки и динамични перформанси слични на мотор или автомобил, а опремен е со тркала од двете страни и централен оддел кој се отвара и во кој се сместуваат разни објекти.

9) PUFFER – NASA



PUFFER (Pop-Up Flat Folding Explorer Robot) е истражувачки робот кој може да се сплескува и повторно да се врати во првобитната форма, а тоа е овозможено со неговиот дизајн кој е сличен на оригами.

10) 3Е роботски концепти на Honda



Користејќи експериментални технологии, овие дизајни се создадени да се користат за зголемување на мобилноста и подобрување на животите на луѓето. Четирите роботи именувани како ‘3E-A18’, ‘3E-B18’, ‘3E-C18’, и ‘3E-D18 се наменети за асистирање на луѓето во разни ситуации – од природни катастрофи, па до рекреација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...