Што нè очекува во новата 2018-та?

Новата година која е пред нас несомнено ќе биде година во која нè очекуваат многу интересни нешта од областа на технологијата.

1) Зголемена поддршка за гео инженерингот

Планетата станува сè потопла и екстремните временски услови стануваат сè повеќе вообичаени. Научниците се надеваат дека поради сето ова во 2018-та ќе имаат поголема поддршка за поконтроверзните методи за елиминирање на климатските промени, како што е гео инженерингот.

Под тоа се подразбираат разни техники кои би можеле да се искористат за вештачки да се модифицира температурата на климата.

2) Медицински откритија поврзани со CRISPR

Технологијата CRISPR за модифицирање на гените веќе има драматично влијание во бионауката и има покажано мноштво медицински резултати кои ветуваат. 2018-та ќе биде годината кога оваа технологија навистина ќе почне да се применува врз луѓето, со првите тестирања кои ќе се одвиваат во Европа и САД.

Поради нејзината способност за правење прецизни модифицирања на гените кај живите луѓе, технологијата во почеток најверојатно ќе се користи за трансформирање на третманите на ретките хронични болести, отворајќи пат за третмани на разни вообичаени пореметувања и болести.

3) Месото кое не е месо ќе стане „мејнстрим“

Напорите да се минимизира нашето влијание врз животната средина ќе продолжат и во 2018-та, со уште поголем фокус на храната која ја јадеме. Една област која сè повеќе се дискутира е потрошувачката на месото и зголемените напори вистинското месо да се исфрли од употреба во корист на по одржливи извори на протеин. Поради тоа, 2018-та ќе биде годината кога храната ќе изгледа, ќе се готви, ќе крвари и ќе има идентичен вкус како вистинското месо, но ќе биде направена или од билки или лабораториски од клетки.

4) Сè поголем напредок на вештачката интелигенција

За жал, научниците сметаат дека вештачката интелигенција во 2018-та нема да дојде на ниво каква што обично се прикажува во научно-фантастичните и филмовите со супер-херои, но дефинитивно се очекува нејзин напредок и создавање на уште поумни системи и роботи.

5) Автономните автомобили ќе станат реалност

Минатата година беше фантастична година за автономните автомобили, со компании како Waymo кои најавија започнување на тестови без возач на јавни патишта, или Audi кои во своите модели почнаа да вметнуваат системи со вештачка интелигенција. Во 2018-та многу земји посериозно ќе се занимаваат со легалната страна на технологијата за да бидат целосно подготвени за нејзината најавена масовна употреба во раните 2020-ти.

6) Ричард Бренсон планира вселенски патувања



Ричард Бренсон (сопственикот на Virgin Group која контролира над 400 компании, меѓу која и Virgin Galactic) лани во октомври изјави дека за 6 месеци неговата компанија ќе биде подготвена да полета во Вселената, што значи дека тоа би требало да се случи во март оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...