Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

  • Ракометарите ќе играат на Европското првенство со поддршка на новиот спонзор Македонски Телеком
  • Телеком ќе носи 50 среќни добитници да ги бодрат нашите ракометари во Загреб на натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари
  • Ексклузивно за време на првенството, корисниците добиваат бонус од 3000 денари за купување на смартфон во новиот Smart M и новата Magenta 1 M

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија.

Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со поддршка на новиот спонзор, Македонски Телеком.

Партнерството беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Андреас Елснер, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов и капитенот на ракометната репрезентација  г-дин Кирил Лазаров.

-Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство и им посакувам многу понатамошни побед, изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари (повеќе информации на www.telekombus.com).

Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.

Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12 репрезентации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...