Работи кои децата родени во 2018 најверојатно никогаш нема да ги искусат

2017 беше година исполнета со носталгија благодарение на неколку случувања во поп културата кои беа поврзани со минатото.

Добивме уште еден официјален продолжеток на “Alien” франшизата, како и на “Blade Runner”, додека “Stranger Thigns” серијата не врати назад во „Спилберговската“ фантазија која ги одушевуваше децата родени во 80-тите, а серијата „Twin Peaks” излезе со нова сезона 25 години по нејзиното завршување.

Сите овие филмови и телевизиски серии нè потсетија дека за само неколку декади искуствата на разните генерации драстично се разликуваат едни со други. Моментално технологијата се усовршува побрзо отколку било кога, и којзнае за што сè децата родени годинава ќе читаат во книгите, или поверојатно на компјутерските екрани?

Еве кои работи децата кои ќе се родат оваа година најверојатно никогаш нема да ги искусат, и кои има големи шанси да ги доживуваат со потсмев или чудење кога ќе ги осознаат подоцна.

1) Долги, досадни патувања

Освен Конкордот кој не се произведува и користи од 2003-та, човештвото не вложило премногу напори за зголемување на брзината на патувањето со авион, а освен ретките експресни возови, дури и брзината на обичниот транспорт е прилично лимитирана.

Меѓутоа, сега тоа се менува. Напредоците во транспортот значително ќе го забрзаат патувањето, што значи дека денешните деца можеби никогаш нема да ја почувствуваат „болката“ од бескрајните летови и патувања со возови/автомобили.

Суперсоничните авиони повторно се враќаат и ќе овозможуваат превоз на патници „преку барата“ за околу 3.5 часа. Тука е и Hyperloop технологијата која ќе овозможува патување со брзини до 1200км/ч, што значи дека еден пат Сан Франциско до Лос Анџелес би траел 35минути наместо денешните 6-8 часа.

2) Возачки дозволи

Добивањето на возачка дозвола моментално претставува еден вид на транзиција која за тинејџерите е премин од крајот на детството во почетоците на зрелоста. Но, додека овогодинешните новороденчиња наполнат 16-18 години, автономните автомобили најверојатно веќе ќе имаат ставено крај на овој ритуал комплетно елиминирајќи ја потребата за човечки оператори на моторни возила.

3) Биолошкиот монопол на интелигенцијата

Автономните возила се само еден пример на иновациите овозможени од напредокот во вештачката интелигенција (AI). Денес имаме AI системи кои се ривали на, а некои и ги надминуваат човечките експерти во одредени полиња, како на пример во играњето шах. Експертите предвидуваат дека свесни AI системи кои ќе бидат ривал на човечката интелигенција се на само неколку декади од нас.

4) Јазичните бариери

Уште едно поле на кое се користат AI системите е комуникацијата, и евентуално оваа технологија би можела да ги сруши јазичните бариери на Земјата.

Комуникациските алатки како Skype веќе имаат вградено преведувачки способности кои инстантно им овозможуваат на корисниците да разговараат во реално време преведувајќи ги нивните зборови, додека пак Google имаат вградено преведувачки способности во нивните нови слушалки.

Децата родени во 2018 би можеле да се најдат во свет каде секој ќе може да зборува со секого, и идејата за „странски“ јазик да делува комплетно невозможна.

5) Човештвото како вид кој живее само на една планета

Технологијата која ја подобрува комуникацијата помеѓу луѓето би можела да доведе и до комуникација со вонземски видови, доколку некогаш пронајдеме интелигентен живот (или тој не пронајде нас :) некаде во вселената.

Разните компании како SpaceX веќе развиваат технологија која луѓето треба да ги однесе до Марс, што се очекува да се случи до 2024, така што денешните деца може и да немаат сеќавања на времето пред човештвото да се нема проширено и на други планети освен Земјата.

6) Хартиени валути

Предноста на кредитните и дебитни картички е првиот удар нанесен на употребата на готовината (т.е „кешот“), а денешните валути како конкуренција ги имаат сервисите како PayPal, Venmo, Apple Pay, Payoneer и слични. Додека да дојде време децата родени во 2018 самите да заработуваат, најверојатно ќе имаме пристап до уште повеќе опции за плаќање, а кешот до тогаш може да биде и комплетно непостоечки.

Во трката хартиените валути да се симнат од тронот предничат криптовалутите како биткоинот, етереумот и др., а експертите се оптимистични во нивниот потенцијал за трајно нарушување на финансискиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...