Патент на Samsung за камера и сензори во екранот

Дизајнот на Apple со изрезот на нивниот iPhone X е обид на корисниците да им се даде поголем простор за екранот и помали рабови.

И Samsung со неколку различни патенти се чини дека се движат во истата насока, вклучувајќи и еден патент кој бил поднесен минатата недела, и преку кои што се навестува дека компанијата исто така истражува уште една опција која би можела да ги интегрира разните сензори, како и предната камера, во самиот екран.

Патентот поднесен во светската организација за интелектуална сопственост минатиот мај, а кој конечно бил објавен сега, покажува уред со неколку дупки во екранот во кои треба да биде сместена електроника. Тој покажува и сензор за отпечатоци на прсти кои би можел да се постави под екранот, со опција и останати сензори да бидат вградени на тој начин, како и физичко копче поставено на самиот екран.

Секако, тоа што патентот е поднесен не значи и дека некогаш ќе стане реалност, туку дека Samsung само се осигуруваат нивната идеја да биде регистрирана во случај некој да дојде до истата и се обиде да ја реализира пред нив – што значи дека најверојатно ни новите Galaxy S9, S9+ и Note9 ќе ја немаат вградено оваа технологија во нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...