Потпишан договор за лиценци помеѓу Биро за образование и развој и Microsoft

Нивото на соработка помеѓу Мајкрософт и владините институции добива нова димензија со денешното потпишување на договорот за лиценци помеѓу Мајкрософт Македонија и Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Овој договор е потпишан со Мајкрософт авторизиран партнер за образование Макпетрол А.Д. кој ќе помогне при успешна имплементација на платформата Office 365 во БРО.

„Алатките на Office 365 се докажани во нивото на придобивки кои го овозможуваат на корисниците. Бирото за развој на образованието има 150 вработени, распределени во седум сектори, шеснаесет одделенија и седум подрачни единици во Република Македонија. Користењето на Office 365 во рамките на институцијата е повеќе од потребно од причина што комуникацијата на дневно ниво е интензивна помеѓу вработените но и со останатите институции кои се вклучени во образованието. Воведувањето на современ начин на работа во институцијата ќе овозможи поголема продуктивност и ефективност во извршувањето на работните задачи. Со оглед на фактот дека овој пакет нуди безбедна организација на документи на едно место, пристап до истите од кое било место, истовремена колаборација, комуникација во реално време и сето тоа од кој било уред, компјутер, таблет или телефон, ќе придонесе за осовременување на професионалниот развој на вработените во Бирото за развој на образованието така што ќе бидат во постојан допир со новите технологии и истите ќе може да ги споделуваат со наставниците во насока на реализација на интерактивна и современа настава“, истакна директорот на Бирото за образование и развој на Република Македонија, Ризван Бела.

„Високо ја ценам соработката со државните институции затоа што од таму потекнуваат промените, а посебно од образовниот сектор. Нашата соработка со Бирото за развој на образованието вклучува нов бран на иновативна и модерна примена на најдобрите алатки за работа. Со овој чекор, на професионалците во БРО значително ќе им се подобри ефикасноста во работата и истата ќе ја пренесат на образовниот сектор овозможувајќи опиплив ефект кој има потенцијал да вроди со резултати за развој на општествено.“, порача извршениот директор на Мајкрософт Македонија, Љупчо Георгиев.

„Ова е одличен почеток за нашата соработка со Бирото за развој на образованието. Многу ми е драго што истата вклучува идни планови во насока на подигање на капацитетот на професионалниот развој на наставниците преку воведување и имплементација на Мајкрософт наставни програми за воведување на Teacher Academies во областа на компјутерската наука и STEM Academy.“, вели водечкиот менаџер за развој во областа на образованието во Мајкрософт, Влора Адеми.

Мајкрософт ја нуди платформата Office 365 која одговара на модерните вештини на младата популација која дополнително ги надградува нивните професионални предиспозиции и им дозволува повеќе можности за вработување во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...