Nokia 5 – квалитет во секој детаљ

Со години наназад Nokia е синоним за мобилни телефони со голема издржливост, практичен дизајн и одличен квалитет. Nokia 5 е уште еден од серијата на смартфони кој совршено ќе одговори на вашите сестрани секојдневни потреби, а притоа нема да го оптовари буџетот.

Телефонот има прекрасен елегантен дизајн и одлично „лежи“ во рака. Во споредба со сличните телефони од негова класа, тој е метален (т.е алуминиумски) како многу поскапите модели на смартфони од разни познати брендови.

Главната одлика и најсилната страна на овој телефон дефинитивно е оперативниот систем кој е практично „фабрички чист“ Android (во неговото 7-мо издание, т.е верзијата 7.1.1 Nougat), без вообичаените модификации и дополнителни, често пати и непотребни апликации, кои се случува да се веќе инсталирани на повеќето уреди од други производители и уште од старт го забавуваат функционирањето на телефонот.

Ова значи дека Nokia 5 ќе има загарантирани надградби и безбедносни закрпи од Google, веднаш штом тие се достапни – за разлика од некои брендови кои пред тоа да се случи мора прво да ги адаптираат и одобрат, што го одолговлекува периодот додека станат достапни за крајните корисници.


RAM-от му е 2GB, што е сосема доволно за секојдневна употреба, додека внатрешната меморија е 16GB, но може да се прошири до 128GB со microSD картичка. Батеријата има капацитет од 3000mAh што е доволно да издржи целодневна интензивна употреба, а со помош на софтверската оптимизација во вид на Quick Charge 3.0, телефонот може да се наполни до 50% капацитет за еден час.

Nokia 5 има Gorilla Glass екран од 5.2 инчи и резолуција 1280x720, со одличен квалитет на боите и слика која е видлива дури и на силна сончева светлина, а напојуван е од моќен octa-core Qualcomm Snapdragon 430 1.4GHz процесор со Adreno 505 графички процесор.

Главната камера е од 13MP, има dual-LED dual-tone флеш, а од опциите нуди гео-тагинг, фокусирање со допир, како и сликање на HDR фотографии. Предната е од 8MP, а има и авто фокус и флеш, идеално за сликање квалитетни селфија.

Звучниците лоцирани на долниот дел се прилично гласни, а на “home” копчето е лоциран сензорот за отпечатоци на прсти, кој функционира исклучително брзо. Телефонот има сертификат IP52, што значи дека е отпорен на навлажнување.

Nokia 5 моментално е на понуда во салоните на Телеком, а деталите за истата можете да ги разгледате ТУКА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...