Се остварува планот на Panasonic за футуристички град

Пред две години Денвер, Колорадо најави дека во партнерство со електронската корпорација Panasonic ќе претвори површина од 400 акри близу до интернационалниот аеродром Денвер во „паметен град“ – кој ќе ја инкорпорира технологијата за подобрување на инфраструктурата.



Овој проект е дел од поголемата иницијатива на Panasonic наречена CityNOW која има за цел да ги трансформира градовите ширум светот во подобри места за живеење, економски исплатливи и поддржувачи на новите технологии.  Денвер е вториот проект на иницијативата по Фуџисава, Јапонија, во 2015.

Иако проектот нема да биде комплетиран во наредните неколку години, од почетокот на партнерството „паметниот град“ веќе има WiFi, сигурносни камери, сензори, интерактивни киосци, како и микро-мрежа која може да ја напојува целата област 72 часа во случај на прекин на струјата.

Во 2017, Денвер и Panasonic во колаборација со министерството за транспорт развиле систем од 72 милиони долари наречен Road X – програма која има цел да ги намали сообраќајните незгоди преку создавање комуникација помеѓу возилата и инфраструктурата на градот. Road X би сугерирал оптимална навигација базирана на сообраќајните модели во реално време, или имплементирање на „виртуелни огради“ кои би ги известувале возачите кога ќе ги напуштат рабовите на лентите во кои се движат и се во опасност да излетаат од патот.

Оваа година, Panasonic заедно со францускиот производител на автономни автобуси EasyMile ќе претстави автономен шатл кој ќе ги поврзува железничката станица на Денвер со рутите за автобуси на денверскиот Tower Road.

Градењето на паметниот град од овој тип во Јапонија траело 8 години, а работата на овој во Денвер не се очекува да заврши до 2026-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...