Брод кој истовремено ја акумулира енергијата од сонцето и ветерот

EnergySails (“енергетски едра“) е технологија која на бродовите треба да им овозможи истовремено користење на енергијата од сонцето и ветровите и нејзино акумулирање, а првите тестирања на ваквите бродови ќе започнат во 2019.

Едрата се развиени од јапонската компанија Eco Marine Power (EMP) која произведува енергетски системи кои работат со обновлива енергија, како дел од поголемиот проект познат како AMRE (Aquarius Marine Renewable Energy). 

ЕМП работи со своите стратешки партнери како и со јапонскиот сопственик на бродови Hisafuku Kisen K.K на опремување на бродови со оваа нова технологија која ќе им овозможи да ја акумулираат  енергијата од сонцето и ветерот дури и кога се укотвени. Едрата кои би биле направени од јаглеродни влакна или челик би можеле да се отстранат и складираат во случај на премногу лоши временски услови.

EMP моментално спроведуваат разни тестови на едрата на повеќе бродови од флотата на Hisafuku Kisen, за да проценат колкав погон EnergySail системот би им обезбедил на бродовите, истовремено пресметувајќи колку соларна енергија панелите ќе добијат при секоја рута.

Откога тестирањето ќе заврши, еден брод од флотата ќе биде избран за 12 до 18 месечно тестирање, и ќе биде опремен со соларни панели на палубата и хардвер потребен за надгледување и контролирање на секој дел од системот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...