Русија развива најмоќно нуклеарно оружје на светот

Извештај  на администрацијата на претседателот на САД ( чија копија била објавена од страна на The Huffington Post) потврдува дека Русија го развива најмоќното нуклеарно оружје на светот наречено Kanyon (Кањон).

Гласините за Kanyon (во Русија познато под името Ocean Multipurpose System Status-6) започнаа уште во 2015-та, кога руски документи „протекоа“ во јавноста,  а потоа беше  потврдено дека се вистинити.

Новите документи од извештајот на аналитичарите не им кажуваат ништо ново, освен што го етаблираат Kanyon како воен факт, бидејќи претходно системот се сметал за „лажни вести“, делумно поради тоа што неговите спецификации биле толку неверојатни и било тешко да се разбере за какви цели би се искористило толку моќно оружје.

Според руските документи, Kanyon е автономно торпедо со 100-мегатонска термонуклеарна боева глава способно да патува на далечини до 10 000 километри. Тоа е најмалку двапати помоќно од било кое нуклеарно оружје досега тестирано, способно инстантно да убие 8 милиони луѓе и повреди над 6.6 милиони доколку се активира на пример во Њујорк.

Тоа не би било испуштено од воздух, туку би пристигнало од океанот, со себе носејќи масивно вештачки создадено цунами кое крајбрежјето би го покрило со радиоактивна вода.

Доколку боевата глава е „посолена“ со радиоактивниот изотоп Кобалт-60 (како што се вели во некои извештаи), детонацијата би ги направила контаминираните области ненаселиви за луѓето цел еден век.

Покрај огромната моќност, брзината на Kanyon не е преголема – таа изнесува 185км/ч, па така на топедото би му требале скоро 36 часа да патува од Кронстадт (најзападниот дел на Русија) до Њујорк Сити, најнаселениот град во САД – што значи дека „изненаден“ напад не би бил возможен и САД би имале релативно доволно време да активираат системи за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...