Паметни патики го „снимаат“ природното движење на стапалото

Компанијата Vivobarefoot во соработка со Sensoria произвеле паметни патики со ултра тенок ѓон, во кои ќе се чувствувате како да сте боси и во кои стапалото ќе се однесува природно.

Концептот за овие патики бил направен пред една година, а реализиран е дури сега. Во нив е вграден единечен тенок слој материјал со вградени сензори кои на корисниците им овозможува да го „снимаат“ природното движење на стапалото без дополнителни влошки кои би пречеле на нормалното користење на патиките.

Најтенките сензори чувствителни на притисок било кога произведени кои се вградени во нив се на компанијата Sensoria. Тие се поставени во реонот на табаните, а ќе можат да се користат повеќекратно како и да се полнат, благодарејќи на Sensoria Core хардверот кој податоците ќе ги испраќа и стримува на смартфонот на корисникот. Сензорите се доволно „паметни“ да детектираат сили како ударот при стапнувањето или контактот на стапалото со тлото, за да ги измерат нивните вредности со екстремна прецизност.



Преку овој уникатен метод на собирање на податоци, системот ќе може да состави природен план за тренирање користејќи технологија со вештачка интелигенција за да испраќа аудио и визуелен фидбек во реално време преку мобилната апликација.

Тој може да ги надгледува брзината, темпото на трчање, каденцата, GPS трагата, техниката на слетување на стапалото, времето во кое стапалото е во контакт со тлото, асиметријата и вклучувањето на прстите во трчањето, кои се важни параметри кои помагаат во следењето на природната техника на трчање, истовремено намалувајќи го ризикот од повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...