Заборавете на screenshot направен на Instagram Story!

Instagram тестира нова функција која им покажува на корисниците дека некој ја снимил нивната фотографија објавена на Story.



Иако досега, апликацијата покажуваше само кога некоја од сликите кои корисниците ви ги праќаат директно до вас сте ја снимиле, сега тие ќе можат да видат и кога истото  ќе го направите на нивното Story.

Засега функцијата се тестира на дел од корисниците, на кои по снимената фотографија им стигнува предупредување дека со следната снимена фотографија другиот корисник ќе може да го види тоа.



За разлика од оној кој го прави, другиот корисник нема да добие порака дека некој го направил тој потег, но ќе биде видлив за него само доколку ја отвори листата на пријатели кои ја виделе сликата со тоа што името на оној кој го направил ќе биде означено со кругче.

Во изјавата дадена за TechCrunch апликацијата го потврди тестот објаснувајќи дека секогаш се тестираат функциите со цел да се подобри искуството на секој корисник на Instagram, но и да се олесни начинот на споделување моменти со луѓето кои се важни за него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...