AEE Selfly – дрон и заштитна опаковка за телефон во едно

Сликањето селфија се чини дека е тренд кој нема да изумре наскоро, а луѓето пронаоѓаат сè покреативни методи за тоа. „Селфи стик“ беше само почеток, а AEE Selfy е наредниот чекор.

Се работи за заштитна опаковка за смартфон кој во себе носи дрон со кој ќе може да се сликаат селфија на едно сосема ново ниво, кои воедно ќе се технички квалитетни и прецизни.

Тоа ќе биде овозможено благодарејќи на технологијата за стабилизација на сликата која е вградена во AEE Selfly, кој инаку може да се користи за заштита на повеќето смартфони со екрани со стандардни големини помеѓу 4” и 6”.

Откога ќе полета (на команда на корисникот), дронот лебди во воздухот и ги чека понатамошните команди преку интуитивната и лесна за користење бесплатна апликација (како на Android така и на iOS платформата), а способен е и да снима видеа со Full HD квалитет.

AEE Selfly може да помине до 4 минути во воздух, а за да целосно се наполни потребно му е час и половина, а ќе чини околу $130 кога на пазарот ќе се појави во првиот квартал од 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...