Хибридна соларна ќелија која собира електрицитет од капки дожд

Колку и да се напредни и ефикасни денешните соларни панели, тие се практично неупотребливи кога времето е облачно или дождливо. Сепак, наскоро тоа ќе може да се смени благодарение на хибридни ќелии кои можат да собираат електрицитет и од капките дожд.

Клучниот дел на овој нов систем е TENG, уред кој креира електричен набој од триењето помеѓу два материјали. Така, на пример, TENG уредите може да собираат електрицитет од триењето помеѓу гумите од автомобилите и патот, од триењето на облека од два различни материјали, или во овој случај, од тркалањето на капките дожд по соларниот панел.

Ваквите панели биле тестирани од научниците од универзитетот Soochow во Кина при разни временски услови, и функционирале во сите.

Иако идејата за користење на TENG технологијата не е сосема нова, предизвикот бил да се развие систем кој не е премногу комплексен или гломазен. Кај новите панели биле искористени два слоја полимери врз фотоволтаична ќелија.  Користејќи ја технологијата за снимање податоци на стандардни DVD дискови, тие додале нерамнини на едниот слој полимер за да му се подобри ефикасноста при собирањето на енергија.

Во тестовите, слојот на полимер со текстура функционирал како електрода и за TENG и за соларниот панел, спроведувајќи енергија помеѓу двата уреди кога капките дожд паѓале врз панелот предизвикувајќи контакт помеѓу слоевите од полимери.

Бидејќи овие слоеви биле транспарентни, ќелиите исто така можеле да ја искористат и сончевата енергија, иако не толку ефикасно кога нив би ги немало.

Следниот предизвик ќе биде зголемувањето на количината на електрицитет кој може да биде генериран од ваквите панели кога тие ќе бидат комерцијално расположливи, а бидејќи би можеле да функционираат и навечер доколку врне, тие би биле способни да функционираат 24/7.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...