Роботски волк го штити родот на јапонските земјоделци

Последниве 8 месеци, фармите близу градот Кисаразу во Јапонија биле дом на еден застрашувачки роботски волк, официјално именуван „Super Monster Wolf” (супер-монструм волк), дизајниран за да ги сопре животните да го јадат родот на земјоделците.

Историјата на робо-волкот е повеќе од тажна, бидејќи волците биле истребени во Јапонија во раните 1800-ти, а причина за тоа била кампања за нивно истребување спонзорирана од државата.

Поради тоа, во делови од Јапонија сега има премногу елени и диви свињи кои се хранат со ориз и костен, што им штети на земјоделците, па така 200 години подоцна тие се приморани да креираат роботски волк за да го замени видот кој го имаат убиено.

Првиот официјален тест на роботот-волк само што завршил и покажал одлични резултати – толку позитивни што волкот ќе започне масовно да се произведува од следниот месец.

Тестирањето покажало дека волкот бил ефективен во радиус од околу 1 километар, поефективен од електричната ограда која дотогаш ја користеле земјоделците.

Моментално, робо-волкот е неподвижен, долг е 65cm (скоро колку вистинските волци), а чини околу $4840, но ќе постои опција и за негово месечно изнајмување. За да функционира користи батерии кои соларно се напојуваат, а ги детектира  натрапниците преку сензор со инфрацрвени зраци при што активира разни звуци за да ги исплаши – звук на пукање, завивање или човечки глас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...