Норвешка планира да изгради „град на иднината“

Главниот град на Норвешка, Осло, наскоро може да биде дом на најфутуристичкиот одржлив град во светот.

Haptic Architects и the Nordic Office of Architecture објавиле планови за креирање на град до аеродромот Осло, именуван како OAC (Oslo Airport City), кој ќе биде првиот „енергетски позитивен“ аеродромски град.

OAC ќе ја користи енергијата создадена во самиот град, а низ неговите улици ќе возат автономни електрични возила.

Што ќе го прави овој град одржлив?

- Тој ќе биде екстремно пријателски настроен кон пешаците, а оние кои ќе живеат во него или ќе го посетуваат нема да треба да имаат било каква форма на транспорт, бидејќи пешки ќе може да се пристапи скоро секаде.

- Благодарение на тоа, центарот на градот ќе биде целосно ослободен од возила.

- Ќе се користат автономни возила, автоматско осветлување, како и „паметни“ технологии за справување со отпадот и безбедноста.

- Вишокот енергија која градот ќе ја продуцира ќе се продава, но ќе се користи и за одмрзнување на авионите – намалувајќи ја потрошувачката на гориво на аеродромот.

- Во градот ќе се користат исклучиво електрични автомобили

Локацијата можеби се чини случајна, но е идеална за овој утописки град. Аеродромот Осло очекува бројот на неговите вработени да се дуплира до 2050-та, а овој град би бил совршена локација за престој на нивните фамилии.

Почетокот на конструкцијата е планиран за 2019, а изградбата би требало да е завршена до 2022.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...