Гаџет за комуницирање со компјутер без зборување

Истражувачи од MIT Media Lab создале гаџет кој изгледа како мешавина на маската на Бејн од филмовите со Бетмен и лигња.

Кога и да помислиме на некој збор, пред да го изговориме сигналите за него стигнуваат до мускулите кои ја контролираат устата и кои можат да бидат забележани од исклучително чувствителен компјутер.

Уредот наречен AlterEgo има 7 електроди позиционирани околу устата кои ги фаќаат овие сигнали, а потоа податоците ги процесираат неколку пати пред безжично да ги испратат на друг уред, а има и слушалки со коскена спроводливост преку кои се слуша одговорот на уредот.

Научниците го тестирале овој прототип врз неколку луѓе кои го тренирале софтверот да ги препознава податоците кои кореспондирале со различни команди („повикај“, „одговори“, “додади“), што дало успешни резултати.

Предностите на AlterEgo се:

- уредот не е инвазивен (иако не баш ни суптилен кога е поставен на главата)

- има точност од 92% (скоро колку Siri или Alexa)

- пренослив е

- за разлика од другите уреди кои ги читаат сигналите од мозокот, овој не може да ги чита приватните мисли (освен доколку истите не се обидете тивко да ги искажете)

Ваков гаџет би можел да се користи во ситуации кога со одредени движења би му се кажало на телефонот да вклучи музика, калкулатор, или испрати порака на некого. Со него би можел да се контролира и „паметен дом“, вклучувајќи ја рерната или апаратот за кафе со едно движење на лицето.

Секако, ретко кој јавно би носел уред со изгледот на прототипот кој му покрива поголем дел од лицето/устата, меѓутоа со неговото усовршување сигурно ќе му се смени и формата и големината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...