Илјадници исчезнати деца идентификувани со посебен софтвер

Според индиската новинска агенција NDTV, скоро 3000 исчезнати деца биле лоцирани во Њу Делхи само 4 дена откога полицијата почнала да користи експериментален софтвер за препознавање на лица.

Следење на илјадници деца кои исчезнуваат секоја година во нација од 1.3 милијарди луѓе е исклучително тежок процес. Повеќе од 240 000 деца се пријавени како исчезнати во периодот помеѓу 2012 и 2017, а некои организации сметаат дека таа бројка е поблиску до 500 000 годишно.

За да се помогне на напорите за нивното пронаоѓање, министерството за развој на жените и децата воспоставило национална онлајн датабаза наречена TrackChild, каде може да се постираат и гледаат фотографии на исчезнати и пронајдени деца. Преку неа полициските информации можат да се споделуваат помеѓу разни агенции и населението – но иако ова се покажало како корисна алатка, бројот на фотографии е премногу за официјалните лица да се справат со сите нив.

Затоа, хуманитарната организација Bachpan Bachao Andolan (BBA) развила софтвер за препознавање на лица кој го автоматизира процесот на споредба на фотографии од базата на TrackChild. Деталите околу алгоритмот кој се користи не се познати, но останатите слични платформи користат еден или двата пристапи – геометриски или фотометриски.

Геометриските алгоритми ги анализираат и споредуваат лицата преку мапирање на раздалеченоста помеѓу разните карактеристики на лицето (очи, нос, веѓи и сл.), додека фотометричните сликите ги анализираат пиксел по пиксел и ги споредуваат нивните нијанси.

Новиот систем успеал да идентификува 2930 деца по анализирање на 45 000 фотографии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...