Мали роботи го испорачуваат ручекот од ресторан до вашиот дом

Нашите животи се исполнети со други луѓе со кои постојано имаме интеракција – на работа, дома, во продавниците, со оние кои ни ги испорачуваат нарачаните продукти.

Сега, компанијата Starship Technologies базирана во Сан Франциско сака да ја отстрани човечката интеракција барем од процесот на купување на храна и разни намирници. Компанијата има флота автономни роботи кои можат да ви го испорачаат ручекот и која е спремна да ја нуди оваа услуга на други компании откога ќе заврши тестирањето во нивниот кампус.

Малечките роботи имаат 6 тркала и можат да се движат со максимална брзина од 6.4км/ч., а за да се користат потребно е нарачката која треба да ја донесат да се внесе во апликација. Потоа, ресторанот кој треба да ја испорача ја става во роботот кој е потребно да се пречека пред влезот на зградата и да му се отклучи контејнерот со внесување на уникатна шифра. Испораката обично трае помеѓу 15 и 30 минути.

Овие мали роботи го опслужуваат кампусот на компанијата Intuit уште од јануари, а Starship Technologies планираат да распоредат уште повеќе од 1000 роботи по разни колеџи и компании до крајот на годинава.

Ваквата услуга би била идеална за луѓето кои имаат потешкотии со мобилноста, како оние со разни повреди или болести, или за постарите личности кои не можат/не смеат да се движат премногу или предалеку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...