Нуркачко одело со вештачко сало за греење на нуркачите

Припадниците на елитните воени специјални сили на истражувачите од MIT им рекле дека им е потребен начин да преживеат во студените води подолг период без да ја губат мобилноста.

По 2 години, истражувачите дошле до решение – третман за нуркачките одела кој го зголемува факторот за преживување за три пати во однос на сегашните одела, без да ги направи помасивни и потешки.



Во дивината, животните обично имаат една од трите природни заштити против студот – белите ајкули, на пример, генерираат топлина интерно. Пингвините имаат воздушни џебови во нивното крзно или пердуви, кои делуваат како бариера за студот. Некои животни пак, се покриени со слој природна изолација како што е салото кое фоките ги заштитува од студот.

Тимот од MIT ги комбинирал вторите две заштити за да креира вештачко сало кое ги остварувало потребите на морнаричките нуркачи.

Материјалот кој се користи за изработка на стандардните нуркачки одела е неопрен – синтетичка гума слична на густа пена во која има малечки воздушни џебови кои го забавуваат трансферот на топлината од телото во студената вода која го опкружува.

Истражувачите увиделе дека заменувајќи го воздухот во неопренските дупки со тежок гас (ксенон или криптон) тој трансфер уште повеќе се забавувал. Наместо преживување помалку од 1 час во вода со температура од 10 °C, личноста со вакво одело би можела да преживее 2 до 3 часа.



За да го заменат воздухот со некој од овие гасови, сè што истражувачите требало да направат е стандардното нуркачко одело да го стават во запечатен контејнер со големина на буре за пиво, во кој потоа бил пумпан тешкиот инертен гас додека притисокот внатре не достигнал 20psi.

Оделото ги задржало изолациските карактеристики 20 часа по третманот. Следно, истражувачите од MIT планираат да изнајдат начин перманентно да го инјектираат ксенонот или криптонот во неопренот, можеби со додавање на уште еден слој во материјалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...