Microsoft CEE и ФИНКИ Tech клубот организираа Microsoft Azure работилница

Развојот на интернет технологиите, идеите за нивното константно надградување, секогаш доаѓа од амфитеатрите и студентските столчиња, и затоа Microsoft CEE во соработка со ФИНКИ и ФИНКИ Tech Клубот ја организираа бесплатната Microsoft Azure работилница.

Поддршката на студентите и нивната редовна мотивација за растење и учење е секогаш приоритет за Microsoft Македонија.



Дводневната работилница претставуваше нешто повеќе од обични предавања каде се студираат одредени начини на функционирање, туку сите учесници се инволвираат во практични делови со кои додатно ќе ги развијат нивните вештини.

Првиот ден беше вовед во Cloud концептот и практична примена во Microsoft Azure платформата, одржана од страна на Хајан Селмани од HASELT. Додека, вториот ден се посвети на Machine Learning алатките што се достапни во Microsoft Azure и нивна примена, одржана од страна на Андон Драгоманов од компанијата MCA. Во текот на неговото водење на Microsoft Azure работилницата студентите креираат апликација за машинско учење со која ќе се препознаваат објектите од Скопје 2014.



Практичниот дел од работилницата во текот на понеделникот и вторникот, 25 и 26 јуни 2018 година, беше долг 6 часа, со тоа што на студентите им беа зададени вежби за реализација на знаењата, стекнати од теоретскиот дел. Истите беа спроведени во лабораториите на ФИНКИ.

Со ваквиот начин на функционирање, создавање на апликации кои отсликуваат реални решенија, не само што се откриваат нови хоризонти за развој на самата технологија, туку студентите се стекнуваат со клучни способности овозможувајќи им полесно вработување во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...