Виртуелната реалност, иако не е претерано застапена на пазарот, е сепак далеку понапредната од поранешните кабасти шлемови, очила, ракавици и слични гаџети.
Тоа е овозможено од технолошкиот напредок во компјутерскиот сектор, каде минијатурни но екстремно моќни микрочипови имаат процесирачка моќ потребна за справување со комплексните опкружувања во виртуелната реалност.
Cybershoes се иновативно парче VR технологија, поточно чевли со чија помош можете буквално да пешачите или трчате во виртуелната реалност, максимално искористувајќи ги можностите при играње на VR игри.
Cybershoes биле изложени на скорешното Electronic Entertainment Expo, каде посетителите можеле да ги испробаат седнати на барско столче. Тие се компактибилни со скоро секоја VR видео игра на SteamVR, HTC Vive, Oculus Rift или Windows Mixed Reality уредите.
Калибрирањето и поврзувањето на Cybershoes со VR системите е едноставно – доволно е само да ги облечете и седнете на столче кое може да се врти.
Чевлите се тестирани врз над 2000 индивидуални корисници, и се спремни за масовна продукција.