Wagz паметен околувратник за вашите кучиња

Wagz е околувратник за кучиња кој е дел од првиот конектиран систем за домашни миленичиња во светот.

Целото име му е Wagz Explore Smart Collar и на сопствениците на кучиња им асистира во нивното следење, набљудување и комуницирање.



Една верзија ќе биде наменета за кучиња над 18kg, а потоа ќе се појави и таква за помалечки. На располагање ќе бидат верзии со HD видео камера и без неа. Обичната ќе чини $295, додека за камерата ќе се доплаќаат уште $200.

Кога станува збор за околувратници за кучиња, овој концепт е сосема нов. Веќе има неколку слични продукти на пазарот кои ја следат локацијата и активноста, но тие немаат ни приближно толку технологија вградена во нив во споредба со Wagz.

Wagz ја следи локацијата на вашето куче, неговата активност, лаење, и температура, и сите тие податоци ги прикажува на смартфон апликацијата. Тој исто така му овозможува на сопственикот да одреди област во која кучето смее да се движи и не му дозволува на миленикот да излезе од таа специфична зона со тоа што вибрира секој пат кога ќе ја напушти.

Верзијата, пак, со видео камера и двонасочно аудио овозможува во секое време преку апликацијата да го гледате светот од гледната точка на вашиот миленик, да му давате команди преку неа и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...