Во новиот свет на неограничена комуникација Wi-Fi повеќе не е доволно

Ни се допаѓало тоа нам или не, времињата, трендовите и технологијата се менуваат, а со тоа и нашите навики и потреби. Подобро е да бидеме во тек со нештата, отколку тврдоглаво да одбиваме и да негодуваме за сето она што не го разбираме.

Често пати слушаме како родител му вели на своeто дете „Остави го веќе тој телефон, цел ден само во него зјапаш и не правиш ништо друго”. Но, можеби токму тоа „дете“ преку својот телефон управува со својата работа, праќа мејлови и следи проекти, можеби работи на својата едукација и следи онлајн предавања или пак, комуницира со својата идна сопруга која живее во друга земја.



Ништо не е црно или бело и добро или лошо како што тежнееме да го претставиме. Ова се однесува и на користењето на мобилната технологија со сите нејзини предности во сите сегменти на нашиот секојдневен живот.

Можеби некому му звучи апсурдно блогерството, Инстаграм популарноста и слично, но факт е дека ова се нови, легитимни професии од кои одлично се заработува. За многумина е несфатливо како некој може да праќа работни мејлови од плажа додека е на одмор, но можеби стотици луѓе зависат од одлуката и од брзината на одговорот на таа личност.

Да, во денешно време брзината е нешто што исклучително високо се цени и е пресудна за многу работи, од социјална поставеност до успех во кариерата. Токму затоа, во овој нов свет, кога се работи за мобилната технологија, Wi-Fi повеќе не е доволно. Посебно ако патувате во странство и сакате да споделите пренос од волшебниот концерт на кој присуствувате, имате итен мејл за праќање, или ако треба да најдете некоја туристичка локација, тогаш роаминг и интернет во роаминг ви е неопходен. Со добар роаминг пакет, сигурно ќе ви се исплати повеќе отколку да ги соберете сметките за кафиња што сте ги испиле во странство заради бесплатното Wi-Fi.

Сепак, пред нас како нација стои долг пат за разбирање и прифаќање на роамингот не само како основна потреба, туку како вредност којашто ја пружа мобилната телефонија. Впрочем, доказ за ова е последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), според кое последнава година само 18 отсто од населението користело роаминг, а цела една третина од нив не ја знаат тарифата кога ја користат услугата. Но, она што е изненадувачки е фактот дека речиси 60 отсто од населението кое знае што е роаминг, воопшто не знаат дали имаат добра понуда за роаминг од својот оператор.

Затоа, пред да патувате некаде, најважно е да ги знаете правилата за роаминг во странство и да знаете кој оператор во одредена држава нуди најповолни пакети. Во таа насока, летово Македонски Телеком подготви летна роаминг промотивна понуда којашто дефинитивно на корисниците за време на годишните одмори им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство. Со актуелната понуда, новите и постојните приватни корисници на Smart постпејд и на Magenta 1, како и бизнис корисниците на Business и на Magenta 1 Business тарифните пакети, добиваат 500 MB интернет и 500 минути во роаминг, достапни за користење цело лето.

Mинутите се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг и за опцијата Најевтин роаминг. По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот добива SMS за искористените минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај. Овие промотивни минути и интернетот во роаминг можат да се користат до 30 септември 2018.

Затоа, уживајте уште малку во летото, суфрајте безгрижно и бидете поврзани каде и да сте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...